Достапни линкови

Брисел: Почнуваат преговорите на ЕУ со Турција


Европската Комисија денеска, како што јавуваат агнциите, и формално ќе препорача да започнат преговорите со Турција за нејзин влез во Европската Унија. Министерот за надворешни работи на Холандија, земја која е актуелен претседавач на Унијата, Бен Бот изјави дека Комисијата ќе предложи стартот на преговорите со Турција да биде во втората половина на идната година. Извесно забавување на демократијата во таа земја, според Бот, не е причина за започнувањето на преговорите. Ваквата препорака ќе стане полноважна откако ќе биде одобрена на состанокот на евро лидерите што треба да се одржи во Брисел во декември годинава. Разговорите меѓу Брисел и Анкара за влегување на Турција во Европската Унија траат веќе четириесет години.
XS
SM
MD
LG