Достапни линкови

logo-print

Заеднички во борба против тероризмот


Македонија е пример за Србија и Црна Гора и искуствата на патот кон НАТО можат само да му помогнат на Белград во насока на побрзо приближување кон Партнерството за мир, оценуваат претставници од безбедносниот сектор во Македонија и Србија и Црна Гора.



„За нас во Србија и Црна Гора е многу важно да ги превземеме сите мерки и да се изучат сите искуствата на земјите во регионот кои можат да ни помогнат да што побрзо го совладаме овој пат што земјите, наши соседи го минале. Во таа смисла искуството на соседните земји, мегу другите и македонското за нас е многу значајно, бидејки Македонија повеке години е во Партнесрство за мир и во мегународната заедница се третира како партнерска земја, па оттука ние ги превземаме и искуствата на македонските вооружени сили “

изјави Вељко Кадијевиќ, советник на министерот за одбрана на Србија и Црна Гора кој додава


„Тука посебно гледам простор за соработка, мислам дека некои активности може да се спровердат во сегментот што се однесува на борбата против тероризмот, бидејки двете земји се наогаат на тој транзитен пат на терирозмитот мегу азискиот и европскиот континент и само прашање на време е кога тие може да станат и цел на терорзмот и тоа е основ каде има можности за соработка и заеднички вежби“.

Оттука според Кадијевич треба да стави акцент на реализирање заеднички проекти, кои како што вели, недостасуваат во соработката мегу двете земји.

И Трајан Гоцевски поранешен министер за одбрана и професор на Институтот за одбрана при Филозовскиот факултет посочува дека може да се очекува во блиска иднина да се реализираат заеднички активности мегу двете земји и во регионот пошироко токму во оваа област.


„Тероризмот едноставно е непредвидлив, ни просторно, ни временски. Затоа и нашиот регион во таа смисла е непредвидлив, особено затоа што одредени извори кои се причина за појава на тероризмот како во Македонија, така и во Јужна Србија и Црна Гора се присутни. Во тој дел, имајќи ги предвид институционално веќе поставените рамки, треба да се прават и регионални планови и соработки коишто ќе дадат резултати“
XS
SM
MD
LG