Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Рамсфелд не верува дека е моѓна граѓанска војна во Ирак


Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд изјави дека не очекува да се случи граѓанска војна во Ирак. Тој оцени дека превземањето на контролата врз бунтовничкиот град Самара е доказ за прогресот во стабилизирањето на Ирак пред изборите во јануари. Од друга страна, поранешниот американски гувернер во Ирак Пол Бремер, како што пренесува Вашингтон Пост, оценил дека Соединетите Држави немаат доволно трупи на теренот и оти плановите за поствоен Ирак биле погрешно фокусирани врз хуманитарна помош, а не врз справување со бунтовниците.
XS
SM
MD
LG