Достапни линкови

Газа: Убиени четворица палестински милитанти


Израелските медиуми јавија дека во денешниот воздушен напад врз бегалскиот камп Џабалија во Појасот Газа биле убиени четворица палестински милитанти. Пред неколку дена израелската армија започна офанзива врз Газа како одговор на ракетирањето на една еврејска населба во кое беа убиени две деца. Израелскиот премиер Ариел Шарон изјави дека офанзивата ќе продолжи се додека палестинските милитанти бидат оневозможни да истрелуваат ракети врз израелците. Во досегашните акции загинале над шеесет палестинци.
XS
SM
MD
LG