Достапни линкови

Тел Авив: Проширување на израелската акција кон северот на Газа


Израелскиот премиер Ариел Шарон оцени дека Израел би требало да ја прошири својата акција на северот од Газа, која е досега најголема и најсмртоносна офанзива во последните четири години. Израелската војска соопшти дека оваа акција која почна во вторникот и во која загинаа педесетина Палестинци, е преземена со цел да се искоренат екстремистите кои гаѓале со ракети врз израелските територии. Премиерот Шарон изјави дека безбедносните министри им наредиле на израелските сили да направат тампон зона со цел да спречат ракетни напади.
XS
SM
MD
LG