Достапни линкови

Анкара: Само полноправно членство во ЕУ е прифатливо за Турција


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека само полноправно членство во Европската унија е прифатливо за Турција и додаде дека Анкара идната недела очекува позитивен извештај од Брисел. Единствена прифатлива цел во преговорите е полноправно членство. Не постои друг начин. Никакви партнерства меѓу еднакви или нешто слично. Такво нешто не е праведно ниту да се споменува, изјави Ердоган.
XS
SM
MD
LG