Достапни линкови

Багдад: Американските и ирачките сили влегоа во Самара


Американските и ирачките сили денеска влегоа во бунтовничкото упориште, градот Самара кој се наоѓа на стотина километри од Багдад. Во воздушните напади и уличните борби потоа, според претставници на американската војска, загинале над осумдесет ирачки бунтовници. Агенциите јавуваат дека денешната акција била дел од операциите на сојузничките сили за преземање на контролата врз Фалуџа, Рамади и багдадското предградие Садр Сити што сега се упоришта на ирачките бунтовници.
XS
SM
MD
LG