Достапни линкови

logo-print

Не причина, туку последица од политизацијата


Македонците и Албанците живеат во паралелни светови. Свете најголеми етнички заедници егзистираат во два посебни света со зголемена недоверба и нељубезност меѓу себе – констатира Европската комисија против расизмот и недовербата при Советот на Европа во последниот извештај за состојбите во земјава. Ваквата оценка е донекаде точна, коментира професор Ферид Мухиќ сумирајќи ги резултатите од двегодишното истражување на невладината организација Проект за заедничка визија, чија цел беше да се испита мислењето на граѓаните преку директни средби во повеќе од 20 населени места. Резултатите го потврдуваат постоењето на етничкото недоразбирање и на паралелните светови, но тие не се причина туку последица на една крајно исполитизирана стварност, вели Мухиќ.


„Меѓуетничкото недоразбирање никако не е причина, туку последица која може да се манипулира и да се фабрикуваат крајно спорни политички програми. Во однос на паралелните социјални светови – ги имаме, меѓутоа ги имаме токму во негативна смисла. Имаме страшно сиромашни предели и со Албанци и со Македонци. Имаме неверојатно брзо и прилично нетранспарентно богатење и кај Македонците, и кај Албанците. Имаме паралелизам, постои стравот и сето тоа е елемент на македонската ситуација. Но, апсолутно редоследот е обратен“

вели Мухиќ.

Истражувањето фокусирано на неколку доминантни теми – од економијата и идентитетот на државата, корупцијата, социјалата. Од односот на власта, па се до евроатланските интеграции покажува податок што обичните анкети не го регистрираат.


„Генералната перцепција на граѓаните, и во однос на нивното задоволство и незадоволство, во корелацијата со власта, со корупцијата, со економските тешкотии со кои се соочуваат и нивниот однос генерално кон едни и кон други, всушност е далеку похамоничен отколку што изгледа“

Истите одговори ги препознавањето на истите проблеми за свој заеднички именител ја имаат критичноста кон власта:


„Ова ги обединува граѓаните многу повеќе од сето она што ги разделува, што значи дека имаме една трезвена, критичка, будна политичка јавност која – и тоа е најважно – вооднос на иднината на Македонија главниот проблем не го гледа во взаемните конфликти, како што обично се прикажува, туку напротив, го гледа во можноста да се продолжи да се живее заедно како што се живеело низ столетија“
XS
SM
MD
LG