Достапни линкови

Багдад: Американски бомбардирања на Фалуџа


Американските воени авиони денеска бомбардираа цели на милитанти на групата предводена од Абу Мусаб ал Заркави во Фалуџа. Во нападот, според болнички извори, загинале 3 лица. Ал Заркави инаку ја прифати одговорноста за повеќе киднапирања и напади во Ирак. Американски преставници, во меѓувреме, соопштија дека ќе следат дали Сирија презема конкретни мерки за да спречи влез на милитанти од нејзина територија во Ирак. Овие информации доаѓаат по вчерашниот договор во Дамаск меѓу сириските, ирачките и американските преставници.
XS
SM
MD
LG