Достапни линкови

Партиите на Албанците јасно се позиционираат


Во пресрет на официјалниот старт на кампањата за рефередумот албанскиот политички блок со релативно јасно позиционирање кон праШањето. Единствена непозната е дали Демократската Партија на Албанците Ќе го повика членството на апстиненција . За владеачката ДУИ И за ПДП нема дилеми ,


„Демократската унија за интеграција ќе го повика своето членство, па и електоратот, да го бојкотира референдумот или да апстинира на денот на гласањето, затоа што мислиме дека тенденцијата е со ова да се суспендира Рамковниот договор“

вели Рафиз Алити подпредседетл на владеачката Демоктрртаска Унија за интеграција . Ваквиот став доминира И во партијата за демократски просперитет. Рефередумот е обид за уривање на рамковниот вели Абдуљали Вејсли


„Тој Рамковен договор е дел од Уставот на Република на Македонија и ние сме го кажале нашиот став дека не дај боже референдумот да биде успешен, тогаш ќе почнеме работите да ги тераме од почеток, што не е добро ни за Македонија, ни за граѓаните на Република Македонија во целина.

Уривање на рамковниот , враќање на работите напочеток и отварање можност за некои нови преговори беше тезата за референдумот и на лидерот на ДПА Арбен Џафери. Токму таквиот аргумент според Џафери е причина поради која албанците и треба да излезат на рефередум. Но оваа партија по разговорите со меѓународните представници ја напуШти тезата на Џафери позиционирајќи се И против рефередумот И против новиот закон за териотријлана организација


„Ние како ДПА не се согласуваме со донесените закони. Тие се голем ризик за Албанците. Рефендумот е само една димна завеса која сака да го оттргне вниманието од законите и ние ќе преземеме мерки за да се демаскира таквиот трик и манипулација“

вели поратрото Сулејма РуШити. Тој сеуШте без конкретен одговор на праШањето Ќе повика ли и ДПА на бојкот на гласањето на седми номеври


„Остана да се реши од страна на Претседателството само начинот како ќе се демонстрира тоа незадоволство – и за донесените закони, и за референдумот“
XS
SM
MD
LG