Достапни линкови

Прага: Хавел се придружи на притисокот врз Путин


Бившиот чешки претседател Вацлав Хавел им се придружи на стотината влијателни личности од Европа и од Соединетите Држави, кои бараат од Европската Унија и од НАТО да извршат притисок врз рускиот претседател Владимир Путин, поради, како што се вели задушувањето на демократијата во Русија. Покрај острата осуда на варварскиот терористички напад во Беслан, потписниците на писмото истакнуваат дека Путин со новите мерки ја носи Русија кон авторитарен режим.
XS
SM
MD
LG