Достапни линкови

logo-print

Хуманитарните организации немоќни


Речиси секојдневно над 12 илјади луге од Скопје Што се водат под графата социјлно загрозени бараат излез од растечката сиромаШтија. Тие барања за помоШ Што се сведуваат на елемнтарни потреби со почеткот на есента бележат пораст. Пред вратите на хумнарните оргнизации пристигнуваат многу родители во очекување некоја од нив на нивните деца да им го овозможта она за Што тие самите не се мокни.


„Сите три деца учат. Едното е во четврто, другото во петто, третото во осмо оддечление. Одат на училиште без книги. Одвај излегуваме на крај за јадење, а камоли со книги“

Барањата како овие во работата на организациите со предзнак хумнитарни од почетокот на Школската година се секојневие


„Не само во книги и училишен прибор, туку се барања и во облека, обувки и слично“

вели Благородна Ценик од органзиација на црвениот крст во чаир .

Според видот на помоШта Што ја добиваат од црвениот крст може да се каже дека за социјлно загрозените семејства во условна смисла на зборот таа главно се сведува на психолоШка.


„Поделени се средства за хигиена, симболично нсе поделени и училишни помагала, меѓутоа, не ги задоволуваме потребите на теренот и на лицата што доаѓаат кај нас. Повеќе делува психолошки, отколку што можеме да кажеме дека сме ги решиле случаите што доаѓаат кај нас“

Во пресрет на сиромаШните според поставеноста на институциите главно работи Минитетсството за труд и социјлана политика.Типот на помоШ со кој оперира оваа институција главно се сведува на обезбедување на парична социјална помоШ, вели Дарко Дачински


„Просечната социјална помош изнесува околу 2.000 денари, меѓутоа, висината варира и зависи од бројот на членови во домаќинството. Значи, за едночлено домаќинство 1.700 денари и така се зголемува“

Парите што ги добиваат од социјалните институции може малку да им помогнат на сиромашните, кога се има предвид дека со почетокот на општествените промени досега над 400 илјади жители на државата останаа без работа. На сметка на таквите услови, тие се прилагодуваат да опстанат со помошта што им ја овозможува помошта од центрите. Формулата за егзистенција на сиромашните не ретко е минималистичка.
XS
SM
MD
LG