Достапни линкови

Талибанците и Ал Каида сакаат да го спречат гласањето


Во Авганистан, за две недели треба да бидат одржани првите претседателски избори. Меѓутоа, претставници на американските сили во таа земја предупредуваат дека талибанците и борците на Ал Каида ги засилуваат нивните напори со цел да го спречат гласањето.

Шефот на сојузничките сили во Авганистан, американскиот генерал Дејвид Барно деновиве потврди дека членовите на терористичката мрежа Ал Каида ги зголемиле активностите, особено во планинските предели, на границата со Пакистан.



Гледаме дека има извесни индикации оти Ал Каида се обидува да го спречи изборниот процес. Во тоа се вклучени и борци од странство. Тоа посебно е забележително во југоисточните области Пактиа и Хост.

Талибанците пак, се активни во јужните провинции Урузган, Хелманд и Кандахар. Авганистанските власти во минатата недела соопштија дека таму постигнале голема победа откако успеале да го убијат талибанскиот командант Мавлави Гафар. Интересен е податокот дека Гафар станал водечки талибански командант откако бил ослободен од американскиот затвор Гавнатанамо на Куба. Иако, според генерал Барно, талибанците и терористите немаат голема поддршка од авганистанците, Вашингтон пред неколку дена реши да испрати дополнотилени илјада војници со цел да ги обезбедуваат изборите. Сега во Авганистан има околу деветнаесет илјади американски војници што е за два пати повеќе од почетокот на годинава. Во меѓувреме, Долниот дом на германскиот парламент се очекува да се изјасни дали е за продолжување на мандатот на над две илјади германски војници во Авганистан за уште една година. Што се однесува до изборите, се очекува на нив авганистанскиот преоден претседател Хамид Карзаи да ги победи седумнаесете негови опоненти. Уште е нејасно дали Карзаи ќе добие над пеесет насто од гласовите што ќе му овозможи да стане шеф на државата уште во првиот круг. Еден од неговите против кандидати, поранешниот министер за образование Јунуз Квануни пред извесно време се спротивстави на планот за разоружување и за демобилизирање на милитантните групи.



Имате два избора. Можете да им се предадете на странците и да прифатите се она што бараат да направите или можете да му служите на Џихад и да ја одберете иднината на својата земја како независна личност.

Другите претседателски кандидати како Абдул Сатар Серат пак, продолжуваат да бараат одлагање на изборите поради ложата безбедносна состојба во земјата.



Мислиме дека сегашната безбедносна ситуација не е добра за одржување слободни и фер избори во предвидениот рок.

Вели Серат кој го поддржува поранешниот авганистански крал Захир Шах и на кој се гледаше како на шеф на привремената влада по паѓањето на талибанскиот режим кон крајот на две илјади и првата година. Но, поради американската поддршка оваа функција, на меѓународната конференција во Бон, ја доби Хамид Карзаи.
XS
SM
MD
LG