Достапни линкови

Дамаск: Загина официјален претставник на Хамас


Официјален претставник на палестинското милитантно движење Хамас загинал денеска во екксплозија на бомба во неговиот автомобил во Дамаск, соопшти оваа организација. Претставникот на Хамас во Либан Хамдани на новинарите им изјави дека во експлзијата загинал шеикот Халил кој бил протеран од Израел пред 12 години. Хамас го обвини Израел дека стои зад овој напад, а зираелските официјални претставници одбиле да ги коментираат овие обвинувања. Ова е кукавичко злосторство на Мосад, изјави Хамдани.
XS
SM
MD
LG