Достапни линкови

logo-print

Маркус Танер, учесник на Рос Рот семинарот во Охрид. Балканот не треба да стравува од прекројување на границите


Балканот не треба да стравува од прекоројување на границите И цртање нови мапи, таквата политика на МеЃународната зедница е минато вели за Радио Слободна Европа Маркус Танер еден од ужесниците на Рос Рот семинарот што во организација на праламентарното собрание на НАТО се одржува денес и утре во Охрид. На тема Интеграцијата напредокот И предизвиците на Балканот конференцијата е фокусирана на актуелната политичка и безбедносна ситуиација во регионов и неговото интегрирање во евроатлантските структури.

Господине Танер вашето излагање на конференцијата што во организација на паралемнтарната асамблеја на НАТО и макеодонското собрание се одржува во Охрид е посветено на прашањето на одосот на Меѓународната заедница кон регионов. Можеме ли во таа смисла да говориме за некакви промени?

Се до деведесетите години Европа за Балканот размислуваше во термини карактеристични за старите стратегии што беа насочени кон зачувување на балансот меѓу големите сили во Европа. Тоа беше нивната главна цел и согласно на неа тие ги исцртуваа границите, ги признаваа новите држави и слично. Сега таквата политика е минато, но според мене Европа сега мора не само да го напушти негативен туку да премине на позитивен ангажман на Балканот кој за жал јас сеуште мислам дека не се случил во вистинска смисла на зборот. Тука мислам на економска поддршка и помош во заживувањето на стопанствата за разлика од некогашното исцртување на граници или признавањето нови држави. Економнското ангажирање на Европа на Балканот според мене е вистински предизвик на кој мора да биде одговорено.

Мислите ли дека повеќе не постои опсаност од менување на границите. Макеодонија и воопшто Балканот како што и самите велите има прилично негативни искуства со разноразни конференции на кои се цртаа нови мапи?

Мислам дека правењњето и исцртувањето мапи е апсолутно завршено. И тоа можете да го видите на пример во апсолутното одбивање на Европа да размислува за независност на Црна Гора или ревизија на дејтонскиот договор во Босна. Во таа смисла е и неприфаќањето на какви било промени во Макеоднија, тоа е сосема извесно. Во таа смила тие процеси се минато освен на Косово, кое сеуште е отворено прашање.

Колку тоа прашање е ризик за регионот?

Мислам дека Косово е огромен ризик за регионот, ризик што во моментов се занемарува. Тоа е дел од Балканот каде може да се каже дека голем број луѓе сеуште не ја знаат својата иднина не знаат во каква и која држава ќе бидат. Тоа доведува до економски колапс бидејќИ никој не сака да инвестира на таква територија. Воедно Косово претставува огромен политички проблем што според мене повторно може да доведе до насилство. Тоа е единствениот дел на Балканот за кој може такво нешто да се каже.
XS
SM
MD
LG