Достапни линкови

Работничките права во сенка на личните пресметки


И додека во македонија се поголем број од вработените остануваат без работа, а оние Што работат во се поголем процент не ги примаат редовно своите месечни примања , организацијата која треба да ги заштити правата на вработените тоа не го чини.

„Прво, не прави ништо и тоа е најстрашното. Ако нешто прави, прави се’ обратно од тоа што треба да го прави“

вели Дојчин Цветановски претседател на гранковиот синдикат на образование наука И култура. Проблемот е во погреШната политиката која ја води Сојузот на синдикатите на македонија И тезата која упорно се обидува да ја спроведе нејзиниот претседател муратовски вели Ристо Ајтов претседател на гранковиот синдикат на одбраната.

„Јас мислам дека ССМ е последен бастион на таквото едноумие, во коешто претседателот си замислува дек тој е врвот и дека надолу треба да оди пирамидата. Напротив, пирамидата се гради одоздола, од базата и оди кон врвот“

Проблемот е во аспирациите кој одредени претседатели на гранкови синдикати ги имаат на претседателската функција на ссм И наместо да работиме на заштита на правата на работниците се занимаваме со самите себе одговара првиот жовек на ссм Ванчо Муратовски.

„Внатрешните проблеми кои се јавија минатата година заради аспирациите на поедини гранкови претседатели, го попречија тој континуитет на нагорна линија што го имаше Синдикатот и повеќе се занимававме со себе отколку со она што ни е основна задача“

Фактите зборуваат, во последните 2 години ссм нема ништо сторено за заштита на правата на работниците.

„Што тој воопшто работел овие две и нешто години, што сработил? Потпиша социјален договор со Владата, со 40 прашања со динамика и со термини. Од тие 40, нека каже дека е реализирано макар едно“

Од гранковиот синдикат на управата тврдат не е до претседтелот на ссм туку до претседателите на гранковите синдикати.

„Моментално, Сојузот на синдикатите на Македонија ќе функционира онолку колку што ќе даваат импулс гранските синдикати, односно да се симнам малку и подолу – членството“


вели Пеце Груевски од гранковиот синдикат на управата. Според Муратовски ссм И покрај очигледната поделеност која владее во сидникатот , ССМ секојдневно работи на заштита на правата на работниците

„Секојдневно работиме и за тоа сведочат фирмите на коишто сме им помогнале и кои успеале да се извлечат од калта благодарејќи на соработката со Синдикатот. Од друга страна, пак, постои една апатија во јавноста и во членството дека што и да се направи, ефекти ќе нема“
XS
SM
MD
LG