Достапни линкови

Чиста среќа, без никакви гаранции


Генерално во Македонија не се почитуваат правата на граганите, државата не нуди никаква правна сигурност ниту пак гаранции за граганите, заклучуваат експертите. Во земјава може да платите за некој објецт И да не го добиете, во земјава постои фиктивно затварање на фирмите, по Што едната страна никогаШ неможе да си ги наплати своите побарувања, И многу други примери, кои често склучениот договор помегу две договорни страни го сведуваат на ,,чиста среЌа, без никакви гаранции,,.

„Причините се различни – од спороста на администрацијата, преку спороста на судството, немањето доволно евиденции во коишто се бележат хипотеките или должничко-доверителните односи. Едноставно, се сведува на немање ефикасност на администрација од една страна и на крајот завршува со корупцијата“

изјавува Зоран Јачев од Транспарентност Македонија. ОбјаснувајЌи ги празнините кои владеаат во македонските институции, Јачев наведува една многу честа појава во земјава:


„Имаме многу голем број на фирми коишто банкротираат. Постои голем број на фирми коишто соработувале со овие што одат во банкрот, коишто не можат да ги наплатат своите побарувања. Практично, додека се заврши постапката, должникот веќе одамна отишол во стечај и веќе нема што да се наплати. Тоа е една од главните причини заради којашто странските инвеститори се уште ги нема во Република Македонија “


Заштита на граганите, се сведува на две ситуации. Од една страна кога државата се јавувава како договорна страна, а од друга страна кога таа треба да биде гарант за правната сигурност помегу два комерцијални субјекти.

Освен случаите кои бизнисот во земјава го прават фатален, правната сигурност отусуствува И кога станува збор за имотните ситуации. Празнините овозможуваат еден објецт на пример да биде препродаден повеке пати, или пак пропагање на инвеститорот И неможност да се наплатат изгубените средства.


„Често пати, со оглед на тоа што еден имотен лист има важност од шест месеци, поранешниот сопственик може слободно со истиот имотен лист да го префрли станот на уште два-тројца ако сака. Понатаму, може станот да биде хипотекиран и додека таа хипотека се укнижи во катастарот, повотрно може да дојде до проблем. Во тој случај следува судска заштита, но знаете дека тие судски постапки се многу скапи и спори“


вели адвокатот Лорија Ваневска, објаснувајки ги случаите со кои во праксата многу често се срекаваат.
XS
SM
MD
LG