Достапни линкови

logo-print

Ростов: Граната врз болницата во која се лекуваат повредените од Беслан


Непознат напаѓач фрлил граната и стрелал од автоматско оружје врз болницата во Ростов на Дон каде што се лечат децата повредени за време на заложничката криза во Беслан. Во нападот никој не е повреден, а полицијата соопшти дека можеби мета била куќата на локален бизнисмен а не болницата. Чеченскиот сепаратистички лидер Аслан Маскадов пак во порака преку веб сајт рекол дека на бунтовничкиот командант Шамил Басаев ке му се суди поради заложничката криза во Беслан по завршувањето на војната во Чеченија. Басаев имено ја прифати одговорноста за Беслан, а Маскадов негира каква било поврзаност. Руските сили инаку соопштија дека ноќеска биле убиени 9 бунтовници за време на борбите во Чеченија.
XS
SM
MD
LG