Достапни линкови

Багдад: Изборите во Ирак ќе се одржат во јануари


Изборите во Ирак ќе бидат одржани во јануари, според планираното, изјавија по средбата во Вашингтон ирачкиот премиер Ијад Алави и американскиот претседател Џорџ Буш. Алави и Буш сметаат дека насилството потикнато од остатоците на бившиот режим ке биде зголемено како што ке се приближуваат изборите. Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд пак изјави дека можеби некои подрачја од Ирак ќе бидат исклучени од изборите доколку не се овозможат безбедносни услови.
XS
SM
MD
LG