Достапни линкови

Војни, конфликти - се е само бизнис


,,Војни, конфликти. Се е само бизнис,, воздивнува Монсењор Верду во истоимениот филм на Чарли Чаплин од илјада деветстотини четириесет и седмата година. Вака започнува коментарот на Нил Кларк, специјалист за Балканот, објавен во Гардијан во кој тој се осврнува врз политиката на меѓународната заедница на тој дел од Европа.

На многумина не ќе им треба многу убедување за да ја најдат поврзаноста меѓу американските корпорации што сега се зафатени во сопственото помагање да влезат во ирачките државни имоти и воената машинерија која придонесе за отворањето на Ирак за глобалниот бизнис. Но, она што не е толку познато е сличниот процес што е во тек во еден друг дел на светот каде што не многу одамна бомбардерите ,,Бе пеесет и два,, фрлаа бомби во друга ослободителна мисија, се вели во кометарот во кој се додава: Орозот за американско предводеното бомбардирање врз Југославија пред пет години, според стандарната западна верзија на историјата, беше потегнат откако српската делегација не го потпиша мировниот договор во Рамбуе. Но, тоа држи помалку вода отколку приказната дека Ирак ја сноси одговорноста за минатогодишната инвазија поради тоа што не соработуваше со инспекторите за оружје. Тајниот анекс Б на договорот од Рамбуе со кој се предвидуваше воена окупација на цела Југославија беше, како што подоцна призна министерот во Форин Офисот Лорд Гилберт, промислено вметнат за да го испровоцира одбивањето од Белград. Но, она што најмногу ги покажува пошироките западни мотиви е поглавието Четири кое се однесува на косовската економија. Првиот параграф е за пазарната економија, а вториот за приватизацијата на сиот имот во државна сопственост. Во тоа време, остатокот на Југославија не беше членка на Меѓународниот Монетарен Фонд, Светската Банка и Европската банка за обнова и развој и претставуваше последната економија во југоисточна европа која не беше конолизирана од западниот капитал. Се уште доминираа таканаречните претпријатија во општествена сопственост, форма на самоуправување, останато од времето на Тито. Под државата беа нафтената, автомобилската и тутунската индустрија. Во илјада деветстотини деведесет и деветата година НАТО бомбардирањето беше повеќе насочено кон овие компании отколку кон воените позиции. НАТО уништи само четиринаесет тенкови, но погоди и триста седумдесет и две индустриски објекти, вклучувајќи ја и фабриката за автомобили Застава во Крагуевац оставјаќи илјадници луѓе без работа. Ниту една фабрика во странска или приватна сопственост не беше бомбардирана, се вели во коментарот, објавен во весникот Гардиан. По сменувањето на Слободан Милошевиќ, западот доби брза реформаторска влада во Белград, каква што посакуваше долго време. Еден од нејзините први чекори беше да дозволи продавање на седумдесет насто од компаниите на странски инвеститори. Потоа владата потпиша и програми со Светската Банка, со што впрочем заврши финансиската независност на земјата. Во меѓувреме, како што Њујорк Тајмс ликуваше, освојувачите чекаа на сјајната воена награда. Косово е второ по големина подрачје во Европа по резерви на јаглен, олово, цинк, злато, сребро и нафта. Најдрагоцен е енормниот рударски комплекс Трепча, чија вредност пред седум години беше проценета на пет милијарди долари. По војната овој комплекс од работниците и менаџерите беше заземен од скоро три илјади НАТО војници кои за тоа требаше да употребат солзавец и гумени куршуми. Пет години по нападите на НАТО, Косовската агенција за приватизација, тело кое функционира под јурисдикција на УНМИК, соопшти дека под нејзина контрола е процесот за приватизација на првите петстотини компании во општествена сопственост. Но, тука малку се говори за правата на моралните сопстевници, работниците, менаџерите и граѓаните на поранешна Југославија, чија сопственост беше одземена во името на меѓународната заедница и на економските реформи. Како што корпорациите го забрзуваат преземањето од од урнатите на Багдад и на Приштина, ниту ослободувањето на Ирак, ниту хуманитарното бомбардирање на Југославија не докажуваат дека Чаплиновиот анти херој греши, заклучува експертот за Балканот Нил Кларк, во коментарот објавен во весникот Гардијан.
XS
SM
MD
LG