Достапни линкови

logo-print

Газа: Убиени двајца Палестинци


Израелските сили убиле двајца вооружени палестинци во една еврејска населба во Појасот Газа, а во престрелката загинале и тројца израелски војници. Претходно израелски тенкови и булдожери влегле во палестинскиот бегалски камп во Кан Јунис, при што најмалку 7-мина палестинци биле повредени. Синоќа, државите - спонзори на мировниот план за Блискиот Исток, на состанокот во Њујорк, оценија дека палестинците и израелците не превземаат ништо за запирање на конфликтот.
XS
SM
MD
LG