Достапни линкови

logo-print

Њујрок: Повеќе од 50 светски лидери упатија повик за намалување на сиромаштијата


Повеќе од 50 светски лидери во Обединетите Нации во Њујорк упатија повик за зголемување на напорите за намалување на сиромаштијата во светот. Генералниот секретар Кофи Анан кој го водеше состанокот на Акцијата против гладта и сиромаштијата изјави дека бенефициите од глобализацијата не се рамномерно распоредени, поради што луѓето од земјите во развој глобализацијата ја чувствуваат како закана. Околу 2 милијарди и 800 милиони луѓе во светот, односно 44 насто од популацијата преживува со помалку од 1 долар на ден.
XS
SM
MD
LG