Достапни линкови

Киднапирањата во Ирак политички инстурмент, но и голем бизнис


Кога една униформирана група ги грабна двете италијанки од нивната хуманитарна канцеларија во Багдад, само ги потврди сомневањата на ирачките власти: Киднапирањата во Ирак не се само политички инструмент, туку и голем бизнис. Ова се наведува во написот во весникот Кришчан Сајанс Монитор.

Криминални банди оформени од елементи на поранешната разузнавачка служба веруваат дека можат многу да заработат со продавањето на нивните жртви на екстремистички групи кои се повеќе заитересирани за добивање идеолошки поени, констатира овој весник, додавајќи дека бројот на киднапирани странски лица цо Ирак ја надмина бројката од стотина и оти скоро триесетина од нив се убиени. Тоа и постојаните крвави напади на багдадските улици имаат барем една заедничка работа: исламистичките екстремистички групи Тавхид и Џихад, кои се повразни со лидерот на Ал Каида во Ирак Абу Муса Заркави. Американските воени претставници велат дека Заркави со акциите раководи од таканаречниот сунитски триаголник, односно од градот Фалуџа каде што американците извршија големи воздушни напади. Од друга страна, Тавхид и Џихад, кои ја преземаа одговорноста за голем број киднапирања и бомбашки напади, почнаа да добиваат поддршка и во некои делови на Багдад, како и во Самара, град во централниот дел на Ирак. Ден Плеш, експерт за Ирак на Универзитетот во Лондон смета дека овие две групи се добро поврзани. За разлика од него, ирачките власти одбиваат да најдат поврзаност меѓу групите во нивните киднапирања на странски државјани. ,,Без двоумење, повеќето вакви акции се преземаат за пари. Тоа стана дел од организираниот криминал,, вели портпаролот на ирачкото министерство за внатрешни работи Сабах Кадим, додавајќи дека колку што повеќе се зборува за некој случај на киднапирање, толку тој случај повеќе добива во цена. Многумина во Ирак велат, како што пишува Кришчен сајанс Монитор, дека се загрижени од киднапирањето странци, но тие забележуваат оти во последно време расте и бројот на киднапирани ирачани. Некои од ваквите случаи се политички, како што беше оној кога двајцата синови на гувернерот на Ал Абнар беа пуштени откако тој требаше да го задоволи барањето на грабвнувачите, односно да си поднесе оставка. Како и да е, порастот на киднапирањата, без оглед дали станува збор за ирачани или за странски државјани, и без оглед на тоа дали се изведени за политички или за финансиски цели, ирачката влада е доведена во ситуација да побара помош од меѓународната заедница. ,,Бараме состанок со експерти или претставници на полициите на членките на Групата осум најразвиени земји во светот на кој барем ќе не научат како да се справиме со овој проблем,, вели портпаролот на ирачкото министерство за внатрешни работи Сабах Калид за весникот Кришчан Сајанс Монитор.
XS
SM
MD
LG