Достапни линкови

logo-print

Вработените и фармацевтската комора против


Повеќе од 30 тина градски аптеки во Скопје и останатите од внатрешноста на државава, ќе бидат приватизирани. Владата одлучи, аптеките да бидат продадени во пакет. Одлуката создаде, револт меѓу вработените во досегашните државни аптеки, кои велат дека одлуката е нетранспарентна, бидејки ќе им овозможи пред се на големите фармацевтски компании да ги купат, со што фармацевтската дејност ќе биде доведена во тешка состојба. Во Синдикатот за здравство, изјавуваат:

„Во однос на деловниот простор деловен, Синдикатот беше за преодна форма, за закуп, а не за приватизација од овој тип класична, во која ќе се јават различни аптеки, што ќе се покаже најверојатно во пракса. И бевме за закуп од преодна форма за после тоа вработените да успеат да станат вистински газди, преку откуп на акции. И затоа уште во парламентот кажавме дека овој понуден модел, не е поволен,“

ги објаснува последиците од ваквиот начин на приватизација на аптеките, претседателот на синдикатот за здравство др.Сиљан Сиљановски.

Иако Фармацевтската комора, поднесе приговор до Уставниот суд, тој беше одбиен, со што оттаму предупредуваат дека приватизацијата не само на штета на вработените, ќе биде и на штета на пациентите:

„Поединечното и парцијалното продавање на аптеките, во вистинска смисла продавање на аптеките, нема да овозможи континуираност на снабдувањето на населението со лекови бидејќи тогаш се пореметува оној систем на снабдување со лекови на населението на секаде на територија на Република Македонија. Второ, сметаме дека приватизицајата на фармацевтската дејност оди пред Законот за приватизација на јавните установи, што сметаме дека не е добро, заради тоа што сепак, фармацевтската дејност и аптеките се од јавно значење,“

изјавува претседателот на фармацевтската комора Лидија Петрушевска Този.

И покрај реакциите, постапката е во тект, а Фондот за здравство веќе изготви правилник за финансирање на аптеките, кои во иднина наместо процент по издаден лек, ќе се финансираат по рецепет. За Фондот за здравство одлуката на Владата е прифатлива, оттаму објаснуваат:

„Од аспект за поуспешна работа и договарање, ни одговара начинот на продавање во целина, а не парче по парче, бидејќи навистина ќе ни биде тешко да склучиме договор со една посебно, туку едностано би склучиле договор со еден поголем субјект. Исто така и Министерството за здравство веќе кажа дека подобро би било и поправично за вработените да припаднат на еден субјект,“

вели директорот на Фондот за здравство Никола Пановски.
XS
SM
MD
LG