Достапни линкови

Пекинг: Завршува заседанието на ЦК на Комунистичката партија


Во Пекинг денеска завршува четридневното заседание на Централниот Комитет на Комунистичката Партија на Кина кој се одржува зад затворени врати , а на која според најавите 78 годишниот Џијанг Цемин треба да поднесе оставка од функцијата претседател на Централната партиска воена комисија. Оваа функција во Кина се вбројува меѓу највлијателните функции во кинеската власт. Според западните медиуми функцијата на Цемин би требало да ја преземе актуелниот претседател на Кина Ху Џинтао.
XS
SM
MD
LG