Достапни линкови

Дали само со нови закони македонското судство може да стане поефикасно?


Судството и годинава ќе ја заврши со голем број на незавршени предмети што и натаму ќе го оптоварува како неефикасно и неажурно. Наскоро се очекува, донесување на неколку битни закони од материјалното и процесното законодавство, како кривичниот закон и законот за општа и парнична постапка, со чии измени ќе се внесат повеќе новини, кои ќе значат подобрување на состојбите, вели претседателот на Врховниот суд, Дане Илиев:

„Во кривичната постапка се воведуваат доста измена, во смисла што се определуваат повеќе истражни мерки, кои ќе дадат полесно откривање на сторителите на организиран криминал. Тука се засилува улогата на јавниот обвинител, на истражниот судија. Се скратуваат роковите на постапување, се изострува одговорноста и улогата на адвокатурата.“

Реформата на судскиот систем, допрва претстои. Неодамна владата усвои нацрт стратегија, која според експертските согледувања, нуди решенија за зголемување на ефикасноста на судството, но во истовреме, според професорот Борче Давитковски, треба да предвиди и такви кои ќе значат зголемување на капацитетот на целиот правосуден систем:

„Стратегијата по правило би требало да ја опфати реформата на судовите, обвинителството, адвокатурата и јавното правобранителство. За жал, стратегијата не обрнува внимание на другите сегмени.“

Но, добро е, вели професорот Давитковски, што е дадена правната рамка, која ќе го проектира идниот развој на судството и добар дел од решенијата што се нудат, не приближуваат кон европските стандарди.

„Советот на Европа и сите експерти кои доаѓаат укажуваат на неефикасноста. Едно е статусниот проблем, изборот на судиите, тоа е ако така може да се каже политички дел, ама битно е самата постапка, да им помогнеме на урганите на управата, да се забрза постапката. А, најмногу граѓаните се токму тука кога му е поврдено негово право, најмногу и реагира, а во овој дел нашите закони се најекстензивни.“

Според Илиев, не помалку важно е и прашањето за статусот на судиите, измените во РСС; но и доработката на судскиот буџет, како предуслов на независноста на судството:

„Сеуште сме врзани за централниот буџет. За разни одобрувања за некои капитални инвестиции, вработувања итн. Но, тоа е веќе план и мислам дека е влезено во програмата за понатамошна разработка во тој дел, вака само почетниот чекор е направен.“
XS
SM
MD
LG