Достапни линкови

logo-print

Меѓународната заедница игра двојна улога во Македонија


Фактот што во Македонија ќе се одржи референдум без оглед на резулатите, не значи ништо друго освен едно демократско изразување на граѓаните и сите кои со добри намери се во политиката треба и така да гледаат на него, велат аналитичарите. Според тоа говорот дека ова ќе внесе неизвесност и дека станува збор за едно национален референдум, и воопшто говорот на закана, може да се толкува само како подготовка и желба на сите радикални елементи кои сакаат во земјата да прават нешто друго, а не да се занимаваат со политика во интерес на оние кои ги избрале. Ѓунер Исмаил поранешен член на Советот за безбедност и директор на Центарот за стратешки истражувања „Форум“ посочува дека нема неизвесност која би произлегла од граѓани на оваа земја:

„Таа неизвесност станува поголема само во случај кога е поттикната, а поттикнувањата во Македонија, никогаш не се автентични, македонски. Има луѓе коишто се заинтересирани, таа наша земја да живее во неизвесност.“

Тој смета дека надлежните државни институции мора да работат напорно во насока на тоа да се зачува мирот во земјата:

„Ако државата си ја работи работата како што треба, никој не ќе може ниту да помисли дека во нашава земја ќе може да настапува со терористички или со не знам какви средства на насилство, во функција на постигнување на некои лажни тези.“

За улогата на мегународната заедницата пак, аналитичарот Исмаил вели:

„За жал, игра двојна улога, настапува со двојни стандарди кај нас, одбегнува да биде одговорна за она што е потписник, бидејќи копотписник е на Рамковната спогодба и копостписник е на сите подоцнежни проекти и затоа меѓународната заедница секако е виновна априори за секаква ескалација на непожелни настани кај нас.“

Претставниците на мегународната заедница се оптимисти за безбедносната состојба во Македонија:

„ОБСЕ сака да даде една неалармантна порака што се однесува на земјата која како што рече амабасадорот Карлос Паиш и на постојниот совет во Виена, во изминатите три години безбедносната состојба во земјата само се подобрува, затоа сме оптимисти за иднината. Исто така се надеваме дека граѓаните и политичките лидери ке продолжат да придонесуваат за евроинтеграција.“

изјави портопаролот на оваа организација во земјава, Максим Филандроф.
XS
SM
MD
LG