Достапни линкови

Организаторот со став дека државата треба да ја финансира кампањата


Непрецизната регулатива во законот за референдум и граѓанска иницијатива предизвика различини толкувања по прашањето, кој треба да ги обезбеди потребните финансиски средства за кампањата за претстојниот референдум. Министерот за финансии Никола Поповски, вели дека според законот, на организаторот не му следуваат пари за кампања, а Светскиот Македонски Конгрес, пак повикувајќи се на законот за избор на пратеници, тврди дека им следуваат финансиски средства за покривање на трошоците за јавната кампања, во висина од 420 илјади евра за што е доставен и официјален допис до Државната изборна комисија. Петров барањето го толкува на следниов начин:

„Подносителот на одлуката за распишување на референдум, е овластениот предлагач, а бидејќи средствата за спроведување за референдумот се обезбедуваат од буџетот, соодветно се применуваат одредбите од Законот за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија. Организаторот има право да потроши најмногу 15 денари по избирач.“

Во очекување на одговор од ДИК, Петров најавува формирање на Координативно тело во кој ќе бидат повикани и претставници од здружената опозиција:

„За да договориме организација и координација на јавната кампања.“

ВМРО ДПМНЕ го подржува толкувањето на СМК, дека парите треба да бидат обезбедени од буџетот, доколку одлуката биде негативна,а за нивното „расположение“ за заедничко финасирање на кампањата, оттаму велат:

„Апсолутно ќе настапуваме сите заеднички во тој дел, бидејќи тезите коишто ги браниме се заеднички,“

изјавува портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Александар Бичиклиски. По праШањето за заеднички финасиски средства за кампањата, во Коалицијата „Третиот пат“ со спротивставени размислувања:

„Логистички ние ќе го тераме тоа, но за некои финансирања, нема толкави средства, а второ мислам и не се потребни. Сепак, и кампањата, да оди како граѓанска иницијатива, а да се прават штабови, па да се профитира политички, мислам дека тоа погубно,“

објаснува Зоран Витанов.

Дилемата околу начинот на финансирање на референдумската кампања, ќе биде донесена по 24 септември, изјавуваат во Државната изборна комисија. Првичните пресметки се дека граганското изјаснување ке чини околу два милиони евра.
XS
SM
MD
LG