Достапни линкови

За поуспешно собирање на даноците треба да се почне со притисок врз големите неплаќачи


Високиот процент на сива економија во државава, е причина за избегнувањето на даноците и другите јавни давачки. Борбата со овој проблем наспроти кампања за подгнување на јавната свест за исполнување на обврските кон државата, треба да биде приоритет за Владата, смета професорот на Екомискиот факултет Михаил Петковски коментирајќи ја состојбата со проблемот околу наплатата на даноците во земјава.

,,Степенот на сивата економија сугерира дека сеуште има голем потенцијал неискористен за прибирање на даночни приходи и од етичка, легална и економска гледна точка, државата тоа треба да го ублажи”

Според Петковски, во стимулирањето на даночната наплата, Владата не треба да води дискриминирачка политика.

,,Властите најдобро ќе ја покажат решителноста во борбата против избегнувачите на данок, ако се насочат кон големите неплаќачи. Ако јавноста види дека и големите риби не се поштедени.”

Една од причините за слабата наплата на јавните давачки, може да се каже дека се и незадоволителните резултати од фискализацијата. А, делувањето, и подобрувањето на даночната состојба во земјава, смета Петковски, ќе придонесе за зголемен економски растеж.

,,Ако се намали степенот на даночна евазија се отвораат можности и за намалување на некои даноци, што би делувало позитивно на економската клима и растот.”

За решавање на овој проблем,. Министерството за финасии започнува со кампања, што ќе трае до крајот на годинава, чија крајна цел е зглоемување на наплатата на даноците и другите јавни давачки.
XS
SM
MD
LG