Достапни линкови

Лондон: Според Кофи Анан, акцијата на САД за напад на Ирак нелегална


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан изјави дека едностраната акција на Соединетите Држави за напад врз Ирак била нелегална. Анан, во интервју за Би Би Си, прецизира дека таа акција била изведена без соодветна резолуција на Советот за безбедност. Тој исто така оцени дека во Ирак не ќе можат да се одржат изборите, планирани за јануари идната година, доколку дотогаш се задржи сегашното ниво на насилство во таа земја.
XS
SM
MD
LG