Достапни линкови

Астана: Лидерите на ЗНД ја поддржаа Русија во борбата против тероризмот


Лидерите на Заедницата на независни држави денеска, на состанокот во главниот град на Казахстан Астана, и дадоа едногласна поддршка на Русија во борбата против тероризмот. Тие потпишаа и посебен документ во кој изразуваат целосна солидарност со руските антитерористички напори и во кој наведуваат дека само со здружени глобални акции може да се спречи ширењето на тероризмот. Претходно лидерите го избраа рускиот претседател Владимир Путин за претседавач на оваа заедница, составена од поранешните советски републики.
XS
SM
MD
LG