Достапни линкови

logo-print

Багдад: Киднапирани двајца Американци и еден Британец


Ирачкото министерство за внатрешни работи соопшти дека денеска двајца американски и еден британец биле киднапирани од една куќа во центарот на Багдад. Агенциите наведуваат дека станува збор за цивили кои престојувале во делот на Багдад каде што живеат странски државјани. Во последниве неколку месеци во Ирак биле киднапирани повеќе од сто странци, од кои над дваесет егзекутирани.
XS
SM
MD
LG