Достапни линкови

logo-print

Тројца полицајци ранети


Во напад од непознати лица, до кој дошло во скопската населба Шуто Оризари, синоќа по полоќ, се повредени тројца полицајци, информира полицискиот портпарол Горан Павловски:

„Врз нив било пукано од две непознати лица, по што еден полицаец се здобил со тешки телесни повреди во пределот на стомакот и градниот кош, додека другите двајца се повредени, едниот во раката, другиот во ногата. Тешко повредениот е пренесен во Градска болница каде што му е извршена хируршка интервенција и сеуште се наоѓа во животна опасност.“

Според првичните сознанија полицијата, која трага по извршителите, зад нападот стојат лица со криминални мотиви. Во оптшината Шуто Оризари, велат, дека според нивните сознанија, во овој дел на градот впечатливо е дека во последните неколку месеци може да се забележи присустви на лица, кои претставуваат закана за јавниот ред и мир, вели Дамсо Арсов, кој работи во кабинетот на градоначалникот на општина Шуто Оризари:

„Претходно бевме доставиле две писмени известувања, во исто време со барања да биде зголемено присуството на припадниците на МВР, затоа што имаше индиции дека е можно нарушување на јавен ред и мир, можни се разни форми на криминално однесување, на поединци, па да речам и на одредени групи. До денес, ние немавме повратен одговор.“

На потребата од засилени мерки во оваа општина, според полицијата било одговорено уште пред неколку месеци, како резултат на неколкуте инциденти, што во Шутка, ги регистрираа безбедносните служби:

„Па, не само во општина Шуто Оризари, во тој дел од градот, каде што имавме повеќе разбојништва и физички напади, во последниве два месеци е зголемен бројот на полицајци, во извршување на своите секојдневни задачи,“

изјави Горан Павловски.

Според МВР, зад инцидентите во Шутка, стојат криминални групи:

„Се работи за групи коишто се занимаваат со разбојништва, со вооружени грабежи итн.“
XS
SM
MD
LG