Достапни линкови

Застарени пестициди и токсичен отпад во Македонија


Агенцијата на Обединетите Нации за храна и земјоделство ФАО деновиве објави алармантно предупредување за присуството на токсичен отпад од застарени пестициди во голем број сиромашни земји меѓу кои е и Макеоднија. Станува збор најчесто за пестициди кои или сеуште се користат во земјоделието или останале складирани и неуништени поради што представува ризик или како што се наведува темпирана бомба за животната средина. Кооридинаторот на проектот на ФАО Марк Дејвис вели:

,,Ситуацијата во Македонија е мошне сериозна. Околу десет илјади тони застарени пестициди се идентифицирани, но бројките се базираат прелиминарна проценка направена од министерството за екологија во националната програма за исполување на криетриумите од Стокхолм за трајните органиски загадувачи. Искуството покажува дека ваквите проценки се често далеку под реалното присуство на загадувачите. Опасноста е дотолку поголема што овие загадувачи можеби веќе протекуваат и ја загадуваат водата, земјоделските површини стоката луѓето воздухот. Многу од овие загадувачи се извонредно подвижни и можат да се најдат на голема оддалеченост од изворот. Тие освен што можат да предизвикаат акутно труење се причина и за долгорочни хронични заболувања. Особено се ризични за децата,”

вели Дејвис. Тој посочува, ФАО и другите агенции на Обединетите Нации се подготвени да помогнат:

,,Но најважно е тоа што државата мора да побара помош од агенциите на Обединетите Нации за да се реши проблемот. Ние можеме врз основа на досегашното искуство и техничката подготвеност да помогнеме и подготвени сме на тоа, но владата мора да побара помош.”

рече Дејвис. Со оглед на застрашувачките податоци се обидовме да го прашаме надлежното министерство што ќе се прави во решавањето на проблемот. Од таму најнапред ни рекоа дека не се надлежни за потоа да не препратат во дирекцијата на инспекторатот за животна средина од каде не успеавме да добиеме никаков одговор.
XS
SM
MD
LG