Достапни линкови

logo-print

Постојат планови и обврски, но нема пари


Европско образование, што значи ослободување од сегашниот традиционален систем на студирање, обезбедување на квалитет во оценувањето, современи услови за работа, развивање универзитетска стратегија за континуирано образование, накратко ова се реформите предвидени во Болоњската декларација, на чија имплементација во високото образование, се обврза Македонија, по нејзиното потпишување пред точно една година. Крајната цел, нуди решавање на најтешките проблеми во моментов за македонските студенти:

„Се прави процес сите дипломи од сите 40 земји од Европа да бидат признати во другите земји. Што значи, се отвора можност за Република Македонија, дипломите коишто се од кај нас да се признаат и во останатите европски држави,“

објаснува државниот секретар во Министерството за образование Никола Ацески.
Она што можеби најтешко ќе оди велат од скопскиот универзитет, е напуштањето на сегашниот традиционален ситем на студирање, нешто на што во моментов најмногу реагираат студентите во земјава:

„Со се што во моментов се случува, затоа што треба да се ослободиме од старото сфаќање за профилот на образование што треба да го дава високото образование. До сега имавме широк профил на професионална култура, во која имавме многу обемни студиски програми, енциклопедиски поставени, со нагласок на теоријата. Сето тоа сега треба да се менува. Тоа е процесот што најтешко се одвива,“

изјавува проректорот на Универзитетот Св. кирил и Методиј Зоран Велковски.

Но, до каде сме реално на патот кон приближување, на европските стандарди во високото образование во земјава и создавање на современ систем на студии, наспроти само декларирањето дека одредбите предвидени во Болоњската декларација, ќе бидат имплементриани:

„Многу е тешко да создавате компатибилен систем, во услови на економска криза, кога средствата за високото образование се драстично намалени и се очекува уште повеќе да бидат намалени. И тука не можете да обвините или да дадете предност на две институции.“
XS
SM
MD
LG