Достапни линкови

Мадрид: Средба Запатеро – Ширак


Во Мадрид денеска се одржува средба меѓу шпанскиот премиер Хозе Луис Запатеро, францускиот претседател Жак Ширак и германскиот канцелар Герхард Шредер. Запатеро изјави дека оваа средба покажува оти Шпанија е во срцето на Европа. Шпанските односи со Германија и Франција беа замрзнати откако поранешниот премиер Хозе Мариа Азнар ја поддржа американската интервенција во Ирак. Запатеро, по доаѓањето на власт, веднаш ги повлече шпанските војници од Ирак, одлука која следеше по терористичките напади во Мадрид во кои загинаа над сто и деведесет луѓе.
XS
SM
MD
LG