Достапни линкови

logo-print

Пјонгјанг: Експлозиите во четвртокот дел од изградбата на хидроцентрала


Северна Кореја денеска соопшти дека минатонеделните големи експлозии на северот на земјата биле дел од проектите за изградба на хидроцентрала. Шефот на севернокорејската дипломатија Паек Нам Сун, прецизира дека станува збор за уривање на една планина. Големите експлозии во близина на границата на Северна Кореја со Кина, создадоа облак во вид на печурка, што кај меѓународната заедница предизвика страхување дека Пјонгјанг тестирала нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG