Достапни линкови

Шринагар: Двајца индиски војници убиени во Кашмир


Двајца индиски војници се убиени во синоќешниот напад на муслиманските бунтовници врз базата на индиските сили за безбедност во главниот град на индиската сојузна држава Џаму и Кашмир, Шринагар, само неколку дена откако Индија и Пакистан се договорија да го продолжат мировниот процес. Цел на нападот била добро обезбедената база на индиските сили за безбедност во еден хотел во цетарот на Шринагар, летната престолнина на Кашмир. Бунтовниците отвориле оган врз хотелот и фрлиле неколку бомби, по што влегле во зградата. Според полициски извори во оружениот судир, кој траел цела ноќа, се ранети шест војници.
XS
SM
MD
LG