Достапни линкови

logo-print

Пјонгјанг: Силна експлозија во Северна Кореа во четвртокот


Силна експлозија во четвртокот ја потресе Северна Кореја кон границата со Кина, а чадот во вид на печурка со пречник од четири километри што потоа се издигна, предизвика претпоставки дека Пјонгјанг можеби извршил нуклеарна проба. Според претставник на Стејт департментот, голема е веројатноста дека не станува збор за нуклеарна проба, иако САД се уште немаат објаснување за експлозијата. Експлозијата во близина на Кимхјунгџик во провинцијата Ријанганг, била многу посилна од експлозијата на возот во април годинава кога загинаа најмалку 170 лица. Сеизмолошката служба на Јужна Кореја соопшти дека минатиот четврток не забележала никакво поместување на земјиштето во соседната земја, ниту природно, ниту предизвикано од експлозија.
XS
SM
MD
LG