Достапни линкови

logo-print

Багдад: Жестоки судири, најмалку осуммина загинати


Најмалку осум лица загинаа во судирите што избија изутрината во Багдад, по серијата експлозии што одекнаа во градот, соопшти американската војска. Во одвоен напад во експлозија на автомобил-бомба на автопат западно од Багдад загинаа двајца полицајци и 12-годишно момче. Жестоки судири избиле и на улицата Хаифа во централен Багдад. Во Амарија, западно од Багдад, двајца офицери на ирачкта полиција се убиени во експлозија на автомобил бомба. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Ирак Аднан Абдел Рахман изјави дека станува збор за полковникот Ала Башир, од дирекцијата на ирачкото МВР.
XS
SM
MD
LG