Достапни линкови

Мајкл Салин, специјален претставник на ЕУ во Македонија. Влогот на успешноста на референдумот е одложување на евро-атлантската интеграција на Македонија


Господине Салин како ја оценувате политичката, но и безбедносна состојба во земјава?

Јас сум тука веќе пет недели но ги следам настаните тука многу подолго, а бев и амбасадор на овие простори и ги знам случувањата и во лошите години 2001 и 2002. Во сопредба со нив ситуацијата е многу подобрена. Работите се нормализираат, а особено безбедносниот апсект. Но, ништо не смее да се земе здраво за готово во градењето на стабилноста и сигурноста. Мора да постои континуиран напор во таа насока да не се дозволи ништо да ги загрози. Значи, мислам дека работите се подобруваат но претстои уште работа во таа смисла. што се однесува на актуелната политичка ситуација сега наша главна преокупација е да продолжи процесот на имплементацијата на Рамковниот договор и приближувањето на земјата кон Европската Унија и НАТО. Во таа смисла сега сме насочени кон обесхрабрување на се она што може тој процес да го забави.

Каква е позицијата на Европската Унија околу претстојниот референдум. Мислам дека Брисел веќе така и го дефинираше рефередумот како одложување на процесите за кои говорите – Охридски договор евроатлански интеграции?

Се покажа дека рефередумот е начин на кој може да се стават под прашање работи што се договорени согалсно воспоставените правилата. Кога говорам за правила мислам на бадинтеровото правило, на пример. Во Уставот вие имате таква можност за распишување рефередум и мислам дека никој не ја става под прашалник уставноста на рефередумот. Исходот на тој рефередум доколку биде успешен ќе биде сосем јасно одложување на процесите кои веќе ги споменав процесоте на евроатланската интеграција и на децентрализацијата. Затоа тој е пат што ќе ја стави оваа земја во тешкотии кои ние не би сакале да ги видиме. Оттаму, рефередумот иако е уставно поткрепен ги има овие последици како ризик. Отсега, кога Брисел ќе го третира прашањето на рефередумот, тоа ќе го прави за да ја информира јавноста во Макеоднија дека ние го признаваме вашето право да го искажете своето мислење, но доколку нас не прашате, а ние исто така имаме право да кажеме што мислиме е дека ќе биде помалку корисно доколку рефередумот биде успешен во смисла што ќе ги забави сите процеси и ќе ја доведе земјата во помалку напредна состојба отколку што би била во споритивно. Она што сакам да кажем е дека тоа е влогот, но ваше право е како ќе решавате.

Дали во таа смисла постои загриженост што ќе биде исходот и какви ќе бидат последиците?

Јас сум загрижен во смисла што доколу е успешен а успешен значи дека ќе биде валиден и мнозинството ќе одговорат позитивно на поставеното прашање тоа ќе претставува враќање назад. Бидејќе поставеното прашање значи одвивање на целиот пакет останување во постоечките општински граници, а за нас тоа е не преземање чекор кон децентрализацијата бидејќе за неа е неопходна територијална реогранизација. Затоа сите во Европската Унија велат дека за да се овозможи имплеметнацијата на Рамковниот Договор неопходна е децентрализација, а за неа предуслов е територијалната реогранизација пред да се одржат локалните избори. Дури тогаш ќе бидат исполнети сите предуслови неопходни исто времено за стабилизацијата на замјата, нејзината демократизација ако сакате, имплементацијата на рамковниот договор и исто така за приближувањето на Европската Унија. Јас не би сакал да шпекулирам за исходот, но ние мораме да кажеме дека сите овие работи се засеганти од него.

Дали се согласувате со мислењето дека овој рефередум е всушност рефередум за или против рамковниот договор, ве прашувам во контекст на последната изјава на господин Џафери со која тој ги повикува Албанците масовно да излезат за да биде успешен рефередумот по кој повторно ќе се отвори нов дијалог, нови преговори за иднината на Макеоднија. Може ли референдумот за еден закон да се објасни како изјаснување за Охридскиот договор. Држат ли таквите толкувања?

Јас мислам дека во голема мерка е тоа така. Јас разбирам дека има многу причини за луѓето да го посакуваат овој рефередум и несогласување со овој пакет за децентрализација и територијална организација. Луѓето имаат различни ставови и не е наше да препоставуваме што стои зад нив но ако ме прашувате за мислење доколу Арбен Џафери и другите сега ги повикуваат граѓаните да излезат да гласаат за рефередумот да биде успешен затоа што тоа е можност за повторно да преговараме за се тогаш ние би рекле дека тоа е мошне ризична позиција затоа што ние ги прифаќаме и поддржуваме чекорите што досега се преземени во исполнувањето на Рамковниот договор, а децентрализацијата е негов важен дел. Со еден збро сите кои сметаат дека сето тоа е непостребно или дава можност да се отвори процесот повторно од почеток заговараат губење на драгоцено време а тоа не е во интерес на земјата. Мислиме дека таа сега има голема шанса и треба да ја искористи а не да губи години.

Каков е вашиот став за аргументите на приврзаниците на рефередумот кои велат дека тој всушност сака да го спречи новиот закон за општинските граници бидејќи таков каков што е ја дели земјата по етнички клуч откако е договорен со еѓуетнички преговори, па ако сакате и пазарења во самата влада?

Јас знам дека намерите на целиот процесс беа сосема спротивни да се создадат услови за кохезија, а не за поделба. Децентрализацијата и редефинирањето на границите на општините е тешка работа за преговори во рамките на владата, многу различни интереси се вклучени и ние тоа го разбираме. Но, тие дојода до решение и парламентот го усвои. Ние не можеме да бидеме во позиција да оценуваме дали е тоа иделано решение.

Дали сметате дека постои опасност од граѓанска војна. Имаше такви толкувања доколку рефередумот успее?

Јас би ги отфрлил како чиста шпекулација. Што се однесува до мене мислам дека воопшто не треба да разговараме за таква можност. Слушнав такви изјави и на сите што ги даваат би им порачал не се обидувајте да заплашувате. Секоја закана предизвикува контразакана и тоа многу влијае на општата атмосфера. За нас не е добро воопшто да се помислува на такво нешто.

Но, ќе се слогасите дека постои тензија во меѓуетничките односи. Очекувате ли таа да се зголеми со почетокот на капмањата за рефередумот?

Ние активно го промовираме ставот, во сите контакти со политичките претставници дека не смее да има таква ескалација.

Меѓународната кризна група испрати писмо до сите челници на Европската Унија во кое предупредува од сериознаоста на ситуацијата?

Јас не го видов и не можам да кометирам писмо на невладина организација.

Добро, но што мислите за предлогот да се продолжи мисијата на „Проксима“?

Нивниот мандат завршува во декември сеуште е рано да се говори за тоа дали тој треба да се продолжи. Но, ве уверувам дека прашањето ќе биде разгледано со целосна одговорност и ургентно. Од сега, па натаму. Ќе видиме.

Но тоа е постојано барање на Меѓународната Кризна група за продолжување на меѓународно безбедносно присуство во Македонија. Што се смени? Може ли да се каже дека Брисел на некој начин е изненаден од развојот на ситуацијата во Македонија?

Според мене, а и според дискусиите што ги имав во Брисел најновите настани се полезно и неопходно потсетување дека во процесс во каков е сега Македонија треба да се очекуваат успони и падови. Тоа не е само нагорна патека. Така што, одговорот е да, некои беа малку изненадени, но кај повеќето од нас во Европската Унија прашањето е да се остане на цврсто на патот како да и се помогне на оваа земја да остане насочена кон она што сметаме дека е нејзината иднина да биде дел од Европската Унија. Пречки на тој пат треба да бидат очекувани, но важно е да не се биде изненаден да не се дозволи паника, да се остане црвст и мирен.

Што можеме да очекуваме во иднина како поддршка, но и како позиција на Брисел?

Па, ќе следи серија настани во врска со европската интеграција. Претстои состанок на советот за стабилизација и асоцијација, потоа официјалното предавање на прашалникот и слични настани. Тие, но и работите што ќе бидат кажани во тој контекст се надевам ќе ја потсетат макеоднската јавност дека тоа е навистина клучен процес и дека она со што се соочувате е ризик е одложување на тој процесс. Затоа што, ако оваа земја продолжи да се бори со меѓуетнички теми тоа нужно ќе го одвлече вниманието од потребните стурктурни и економски реформи и се разбира ќе изгуби драгоцено време. Затоа решавањето на тие меѓуетнички прашања согласно договорот во кој и ние партиципираме и го поддржуваме ќе ја води земјата кон хармонизација и решавањето на суштинските проблеми. Значи го имаме тој фактор на одложување што мислам дека ќе биде прилично јасно зборувано, отсега па натаму.
XS
SM
MD
LG