Достапни линкови

logo-print

Колку е успеано во искоренувањето на Ал Каеда?


Тероризмот беше дефиниран на 11 септевмри 2001 кога се случија нападите врз Америка во кои во еден ден загинаа 3000 луѓе. Владите на повеќе земји во светот формораа коалиција за искоренување на Ал Каеда инспиратор на терористичките групи. Прашањето е колку е успеано во тоа по три години.

Тероризмот на 11 септември е дефиниран како масивен, високо организиран, добро финансиран непријател. Тој непријател во лицето на Ал Каеда и Осама бин Ладен, и натаму постоји. Експертите по контра-тероризам сметаат дека фактот што од тогаш не е организран напад од типот на 11 септември е показател за успех во попречувањето на операциите на Ал Каеда. Магнус Рансторп дирекор на Центарот за студии на тероризмот и политичкото насилство вели дека успехот делумно е и поради подобрената работа и соработка меѓу разузнавачките служби.

„Сметам дека по 11 септември, барем гледано од амерканска перспектива, војната против тероризмот е доста успешна. Сега има 90, а можеби и 100 држави кои соработуваат во размената на разузнавачките информации.“

Тоа, според Рансторп, доведе до апсење на врвни пирпадници на Ал Каеда во Пакистан и Обединетите Арапаски Емирати годинава, но сепак и терористичките групи имаат одреден успех во приспособувањето на притисокот. Еден од начините е тактичкото преземање операции од понизок ранг кои бараат помалку планирање и помалку пари. Според проценките на американските истражувачи, за подготовките на нападите на 11 септември се потрошени меѓу 400 и 500 илјади долари за повеќе од две години. За разлика од тоа, оперативниот буџет на терористичката група обвинета за мартовските напади во Шпанија, во кои загинаа 191 лице, беше една десетина од овие пари. Експертите велат дека војната против тероризмот бара години, дури и децении, повеќе страни безбедносни мерки, разунавачки напори што стана одбележје по 11 септември 2001 година. Сепак посматрачите мислат дека тоа не е доволно. Потребно е велат, преземање разни политички и економски реформи за да се намали теренот за регрутација на нови терористи. Хазем Саџие коментатор на лондонскиот весник на арапски јазик Ал Хајат, вели дека Запад треба да излезе со прогресивна агенда за муслиманскиот свет.

„Мора да се излезе со различна и попрогресивна агенда за да им се даде енергија на оние кои сакаат нивните земји од Блискиот Исток и Третиот Свет да станат по прогресивни по слични на Западот.“

Оваа година лидерите на осум те најразвиени земји во светот го воспоставија Партнерството за Прогрес и заедничка иднина. Целта е да бидат подржани политичките, економските и социјални реформи на поширокото подрачје на Блсикиот Исток и Северна Африка.
XS
SM
MD
LG