Достапни линкови

Тешко може да се зборува за соживот и добри меѓуетнички односи


Гледано низ призмата на неприфаќање на државните симболи, прославувањето на различни национални празници, прашањето околу употреба на јазиците, најновата ситуација околу децентрализацијата и „освојувањето“ на територијални граници, состојби што наметнуваат постојано докажување, односно негирање на иденитетот на едната, наспроти другата националност, посебно меѓу двете најголеми етнички заедници во државава, тешко дека во Македонија може да стане збор за соживот и добри меѓуетнички односи, сметаат експертите:

„Македонците се чувствуваат по малку фрустрирано, дека со сите тие однесувања полека се губи унитарниот карактер на државата и сега нормално е што и кај Македонците се јавува едно поголемо инсистирање на македонскиот карактер на државата, а кај албанската популација, тој процес е започнат и пред и со војната и со Рамковниот договор. Па, во една смисла, при такво, да речам условно, раздечување на двата етникума, се јавуваат појави на некакво докажување на сопствената националност, етникум итн,“

изјавува социлогот Јован Корубин. Според Ибрахим Мехмети, постојат различни дефиниции за тоа како ке се сфати соживотот во земјава. Ако се гледа од аспект на изразен радикализам, тогаш:

„Со самиот факт дека немаме отворени етнички конфликти меѓу двете заедници, тогаш може да се каже дека во државава имаме соживот.“

Но, ако треба да се даде дефиниција на соживотот од агол на сегашната состојба во Македонија, во тој случај вели Мехмети:

„Славењето на различни празници, на различен начин, само ја повторува таа слика на подвоеност, којашто за жал, има тенденција да се проширува, а не да се намалува.“

Лоцирајќи ги причините за ова, Мехмети објаснува:

„Мислам дека ова што се случува во Македонија сега, е резултат на неодговорноста на политичките партии и медиумите.“

Настрана факторите за ваквата ситуација, решението е:

„Мислам дека сето тоа во многу нешта би се подобрило, кога ние би станале членови на европското семејство. И сега ако се успее во тоа, заживувањето на економијата да доведе до извесни смирувања на таквите процеси, односно тоа да стане безначајно,“

заклучува Корубин.
XS
SM
MD
LG