Достапни линкови

Стагнација на реформите во Македонија


Факт е дека во ситуација кога Македонија треба да обезбеди координација со барањата што во наредниот период ќе ги наметне Брисел земјата бележи стагнирање во реформите во одделни сегменти и на држвниот апрат и во државанта структура како и во економијата:

,,Но, тоа е документ кој првенствено налага ориентации, насоки. За политичките елити, без разлика дали се од власта или опозицијата, треба да изнајдат консензус, за потребните решенија кои се од витален интерес за граѓаните и државата,”

вели политикологот Мерсал Билјали за стратегијата за влез на Македонија во Унијата, за која политички консензус искажаа сите политички партии во влста и опозицијата за стартегијата. Но, она што доминира во опозицијата е впечатокот дека стартегијата е во расчекор со релноста и теоријата:

,,Од убавите документи до нивната реализација, постои цела една провалија,”

вели Слободан Чашуле од ВМРО ДПМНЕ.

Но, спроти критиките дали одговара на реалноста или е само список на желби, битно е стартегијата да се сфати како документ кој и наметнува обврски на Македонија за нејзина евро-интеграција, вели политикологот Панде Лазаревски, кој посочува:

,, Да не се залажуваме дека ја одразува релноста, но до друга старна се она што се ствено во неа ќе презме конкретни обврски”.

Според него за Македонија ипмератив во наредниот период треба да претствува градење на капацитетет за нејзино евро-интегрирање, но во тој процес како што потенцира неопходно ќе биде инволвирање односно помош од Евроспката Унија од секаков вид:

,,Во поглед на градењето на капацитетот и во поглед на постигнувањето на мерливи резултати. Со тоа што треба точно да се знае што значи мерливи резултати. Кога во одредена област сметаме дека е нешто постигнато, и ако не е нешто постигнато зошто. Не дека сакаме да ловиме вештерки, туку ако има потрфрлување треба да се надомести. За сега за жал, си играме интересна игра. Земјата која, де факто, нема капацитет, се обвинува дека не ги прави работите што треба да ги напарви, а нема капацитет и тоа е констатирано. Правата и одговорностите обично одат заедно.”
XS
SM
MD
LG