Достапни линкови

Терористи и шверцери го тестираат трпението на српските гранични сили


Политичкото насилство и организираниот криминал им задаваат најмногу проблеми на српските безбедносни сили, стационирани на административната линија со Косово, во Прешевската долина. Згора на се, овој регион, вклучувајќи ги тука Косово и северозападниот дел на Македонија, е населен со значаен број од албанското малцинство, што им ја отежнува работата на безбедносните сили. Според доктор Амадео Ваткинс, постојат две главни закани за безбедноста на регионот. Првата и многу поважна, е активноста на бунтовниците чија намера е да создадат нестабилност и преку притисок да дојдат до јасно политичко решение. Втората закана е органиираниот криминал, чии корени можат да се најдат и во историските и во неодамнешните настани, посебно во доскорашните конфликти. Нерешениот статус на Косово има директни последици врз природата на српските сили распоредени во таканаречената безбедносна зона која беше формирана пред се како привремена а не како перманентна позиција. И покрај тоа што меѓународните напори за контролирање на екстремистичките елементи на Косово се интензивираа, активностите на тамошните криминални групи се уште не се елиминирани, наведува Ваткинс, додавајќи го притоа ставот на Белград дека недостигот на ефективни косовски институции кои ќе ја контролирааат административната линија што сега е под контрола на американските сили, не им оди во прилог на напорите за стабилизирање на состојбите во регионот. Изворите на терористичките активности во Прешевската долина датираат од пред неколку години кога елементи на ОНА дојдоа во тоа подрачје и ја формираат Ослободителната армија за Прешево, Медвеѓа и Бујановац. И покрај успешните политички преговори и по договорот од Кончуљ на српските сили им беше дозволено да се распоредат во безбедносната зона оваа таканаречена армија го продолжи отпорот во ограничена форма. За време на конфликтот во Македонија се појави нова група која себе се нарекува АНА или Албанска национална армија и која ги продолжи насилствата на Косово, во јужна Србија и во Македонија. Според официјални податоци, од мај две илјади првата до мај годинава таму имало триесет и девет терористички напади. Во меѓувреме, во Прешевската долина продолжија и активностите на организираните криминални групи кои таа територија ја користат како безбедна транзитна база на нивниот шверц на оружје, дрога, цигари и луѓе од источна кон западна Европа, пишува, меѓу другото, експертот за Балканот доктор Амадео Ваткинс во анализата објавена во Џејнс Интелиџенс Ривју.
XS
SM
MD
LG