Достапни линкови

Експертите поделени


Повиците за нов дијалог за иднината на Македонија доколку референдумското изјаснување за територијалната поделба успее, значи радикализирање на состојбите во државава и продлабочување на јазот меѓу двете најголеми етнички заедници, објаснува професор Мирјана Малевска, коментирајќи ги ваквиот тип на изјави кои пристигнуваат од лидерот на Демократска партија на Албанците, Арбен Џафери, кој во таа насока упати апел до албанската заедница во државава масовно да излезе на граѓанското изјаснување против предложените општински граници:

,,Едно екстремно решение, предизвикува другата етничка група да се послужи со друго екстремно решение, па како реакција на тоа, малцинската етничка група може да преземе радикално решение и тоа е еден врзан круг. Има доза на цинизам во тој повик, бидејќи бездруго ќе се радиказлизира ситуацијата. Доколку успее референдумот ќе се продлабочи јазот меѓу двете етнички заедници.”

Демократското право на граѓаните за изјаснување, се користи во политички цели, но на граѓаните останува да проценат како ќе го сватат целиот овој процес. Секако дека какви и да се резултатите од референдумот, се што ќе се договара треба да биде во рамки на веќе зацртаните цели за иднината на Македонија, изјавува професорот Назми Малиќи.

,,Сите други договори и преговори што може да настанат после референдумот, ако успее, секако ќе се однесуваат на ова што е во рамки на Уставот на Република Македонија и во рамките на тоа што е предвидено со Охридскиот договор. Други амбиции моментално и не би требало да има.”

Наспроти повците за успешен референдум како цел за отворање на прашањето за идината на државата, во партијата претставник на залбанската зедница во власта, Демократската унија за интеграција велат: Прашањето за иднината на Македонија, е имплементирано и затворено со Рамковниот договор. Секое изјаснување, како референдумот за територијалната поделба на државата, е против договорот од Охрид, и затоа Албанците треба да го бојкотираат:

,,Повикот на Арбен Џафери сметам дека води во погрешен правец. Нашиот став останува ист, во правец да се бојкотира референдумот,”

изјавува Рафиз Алити од оваа партија.
XS
SM
MD
LG