Достапни линкови

Не подготвуваме нови сценарија за Македонија, доколку референдумот успее


Интервенцијата на Меѓународната кризна група која е секако гласноговорник на значајни политички кругови на Меѓународната заедница е задоцнета, го коментира професор Биљана Ванковска писмото на оваа организација испратено до клучните луѓе на Европската Унија во кое се укажува на потребата од засилена комуникација со политичките лидери во Макеоднија, во пресрет на рефередумот против новиот закон за територијална организација

,,Можеби требаше како МКГ или ЕУ да интервенираат во фазата, кога пред неколку месеци беше јасно дека преговорите одат зад затворени врати, дека во јавноста се создава нервоза, страв загриженост. Сега ми се чини дека влегуваат со апелот до ЕУ да размислува за евентуален план, А, Б, Ц итн, влегуваат во сценарија за заплашување.”

Не станува збор за никкви нови сценарија одговара директорот за Балканот на меѓународната кризна група Николас Вајт:

,,Ние ја следиме ситуацијата, но не подготвуваме никакви други сценарија во случај рефередумот да биде успешен. Сметавме дека треба да го свртиме вниманието на Европската Унија дека сите земји членки и европските институции треба да ја засилат комуникацијата со со сите полтиички фактори во Макеоднија. Многу е важно да се држи комукиацијата. Европската Унија да разбере што навистина сакаат луѓето во Македонија, каков резултат на политичкиот процес, но истоврмено и Унијата јасно да ги презентира своите ставови до луѓето во Макеоднија,”

вели Вајт, но ја потврдува тезата на писмото што минатата недела им е испратено на претставниците на Европската Унија дека ситуацијата во Македонија е сериозна поради одлагањето на исполнувањето на рамковниот договор. Аргументацијата е следна:

,,Последниот клучен елемент на тој договор, децентрализацијата, нема да се исполни до март поради рефередумот, а доколку тој успее тогаш и уште подолго. Не би сакал да влегувам во катастрофични сценарија, но би рекол дека тој рефередум се доживува и кај оние кои го поддржуваат и кај оние кои му се спротивставуваат како рефередум кој сака да го урне охридскиот договор и тоа е нешто што не смее да се заборави,”

вели Вајт. Според дипломатски извори токму писмото на Меѓународната кризна група е една од прижините на денешниот состанок на безбедносно политичкиот комитет на Европската Унија. На него со свои проценки за состојбите во земјава учествува и специјалниот европски претставник во Македонија Мајк Салин. Извори во Брисел сеуште неофицијално коментираат дека случувањата во Макеоднија во пресрет на рефередумот загрижуваат.
XS
SM
MD
LG