Достапни линкови

Главна тема на разговорите со државниот врв стабилноста на регионот


Состојбата во регионот, евроинтеграциите на Македонија, но главен фокус на процесот на децентрализација во земјава, посебно по случувањата околу референдумот на кој македонските граѓани ќе се изјаснуваат по прашањето за општинските граници, се темите што заземаат централно место во разговорите меѓу специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Косово Сорен Јесен Петерсен со македонскиот државен врв, претседателот Црвенковски и премиерот Костов, во рамки на неговата еднодневна официјална посета на земјава.
Во оваа насока изнаоѓање решение за евентуалната нестабилност на регионот, која може да биде предизвикана од успешното изјаснување на македонските граѓани на претстојниот референдум закажан за 7 ноември, е прашање на кое на меѓусебните средби ќе му биде посветно најголемо внимание.
Ова посебно, што потпретседателот на македонската влада Муса Џафери веќе побара од меѓународната заедница, смирувачко влијание врз Албанците на Косово и во Албанија. Имено, според Џафери од суштинско значење е на Албанците во регионот, да им се објасни ситуацијата во Македонија, за да не се дозволи мешање во внатрешните работи на земјава.
Навестувањата за можна дестабилизација на регионот, беа актуелизирани и со неодманешните информации за преминувањата на вооружени лица од Косово во Макеодонија. Сите овие случувања ја потврдуваат важноста за стабилноста на регионот, посебно ангажманот на Косово.

,,Настаните од средината на март на Косово јасно покажуваат дека Меѓународната заедница не може да си дозволи да не биде ангажирана на Косово. Постојат многу меѓуанродни приоритети но вртењето на грб на Косово би било многу голема грешка."

изјави непосредно пред преземањето на функцијата цивилен администратор на Косово Сорен Јесен Петерсен, данскиот дипломат кој до јули оваа година беше специјален претставник на ЕУ во Македонија.
XS
SM
MD
LG