Достапни линкови

Најмалку седум лица загинаа, а стотина повредени


Во експлозија на бомба пред австралиската амбасада во главниот град на Индонезија Џакарта загинаа најмалку 7, а се повредени 100-тина лица. Според шефот на дипломатијата на Австралија Александар Даунер, станува збор за терористички чин против неговата земја. Меѓу жрвтите нема австралијци, а за нападот се осомничени милитанти поврзани со Ал Каеда.

,,Многу силна бомба експлодираше пред Австралиската амбасада во Џакарта. Јас сум информиран дека бомбата направила кратер од три метра длабочина, а се случила 4 метра пред вратата на амбасадата.”

Ова беше изјавата на австралискиот премиер Џон Хауард кој веднаш по вестите за бомбата имаше обраќање во Мелбурн. Според локалните медиуми во Индонезија, експлозијата се слушнала на одалеченост од 15 километри од австралиската амбасада. Шефот на полицијата во Џакарта изјави дека станува збор за автомобил бомба. Според агенциите, оштетувања се направени на оградата на амбасадата на нејзините и на прозорците на соседните згради. Премиерот на Австралија Џон Хауард најави дека во Џакарта веднаш ке отпатува шефот на дипломатијата Александар Даунер. Тој пак од своја страна оцени дека станува збор за терористички напад против Австралија. Премиерот Џон Хауард изјави дека целиот настан ке биде расветлен од експертите кои со министерот Даунер патуваат за Џакарта.

,,Се надевам дека девет експерти за експлозиви од австралиската федерална полиција ќе помогнат и ке патуваат заедно со министерот Даунер и со наши медицински екипи.”

Инаку во изминативе недели амбасадите на Австралија и Соединетите Држави беа предупредени од можни терористички напади во Индонезија од страна на исламски милитанти. Во најмногубројната муслиманска земја во светот Индонезија се случија неколку трагични терористички напади. Во 2002 на островото Бали во бомбашки напад загинаа 202 лица, додека во нападот врз хотелот Мериот во август 2003 година загинаа 12 лица. Овој напад се случи на два дена пред годишницата од септемвриските напади врз Соединетите Американски Држави. За тогашните напади беше обвинета Џама Исламија која се смета за огранок на Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG