Достапни линкови

Газа: Најмалку пет Палестинци ранети во борби со израелските сили


Најмалку 5 Палестинци се ранети изутрината во борби меѓу израелските сили милитанти во Газа. Палестинците биле ранети во ракетен напад извршен од хеликоптер во подрачјето на бегалскиот камп Џабалија. Израелската војска соопшти дека цел биле милитанти вооружени со анти тенковско оружје. Израелските операции доаѓаат по минатонеделните терористички напади на Хамас во кој загинаа 16 лица. Завчера пак израелските сили убија 15 припадници на Хамас.
XS
SM
MD
LG